Во железничка несреќа што денеска се случи во предградие на Сиетл, воз излета од шините додека поминувал по надвозник, при што најмалку три лица загинале, а 77 луѓе се префрлени во болница.
Возот на американската желеничка компанија „Амтрак“ излетал од надвозник и паднал на автопатот.
Поради несреќата блокиран е автопатот кон Вашингтон.
Според BBC, возот се движел со брзина од 130 км/ч и во моментот на несреќата пренесувал 75 патници.
Уште не е позната причината за несреќата.