Павар може да отсуствува два месеца откако му се измести чашката на коленото

На дефанзивецот на Интер му е дијагностицирано изместување на чашката во левото колено, поради што најверојатно ќе отсуствува до крајот на годинава.

Французинот се повреди при саботниот дуел против Аталанта во Бергамо кога во 33. минута мораше да биде заменет. Остана да лежи на тревата, а играчите околу него почнаа панично да мавтаат кон клупата. Прво беше ставен на носилка, но со брза интервенција лекарскиот тим му ја врати чашката на место, па потоа Павар на нозе го напушти теренот. Резултатот во тој момент беше без голови. Подоцна Интер победи со 2:1.

Неколку италијански медиуми, вклучително и водечките La Gazzetta dello Sport и Sky Sport Italia, објавија дека станува збор за дислоцирана чашка во коленото, според нивни извори од медицинските прегледи направени утринава.

Gazzetta тврди дека 27-годишниот Павар без операција ќе мора да носи стегач за колено месец дена, но на овој начин ризикува да остане вон теренот два месеца, што значи дека за него оваа календарска година е завршена.

Со оглед на тоа што испитувањата покажале дека повредата не е сериозна како што првично се стравуваше, операција не е потребна.

Интер објави кратко соопштение по денешните прегледи.

„Бенжаман Павар подлегна на медицински испитувања во Институтот Хуматинас утринава во Роѕано. Тестовите покажаа дека претрпел дислокација на чашката на коленото. Французинот ќе мора да носи стегач за колено 3-4 недели пред да го почне процесот на опоравување“.

Павар дојде во Интер во последните денови од летниот преоден рок од минхенски Баерн за сума од 30 милиони евра. Досега одигра 9 натпревари за „Нераѕурите“. Договорот со миланскиот тим му е до јуни 2028 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе