Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Климатските промени и другите проблеми се причина двојно да бидат намалени приносите на мед од едно пчелно семејство, велат производителите, учесници на натпреварот за квалитет на мед во Тетово. Сѐ повеќе пчелари имаат проблем да произведат мед.

– Просекот од 10 килограми по пчелно семејство што сега го сметаме како добар просек, пред 10-20 години бил по 20 килограми од пчелно семејство. Влијанието на климатски промени е еден од најглавните фактори. Специфични проблеми нагло го намалија приносот на мед по пчелно семејство глобално, вели Владимир Антовски, пчелар од тетовско Жилче.

– Влијаат многу фактори, најмногу климатски промени, а потоа и пестициди во земјоделството, дојде и коронавирусот, па беше ограничено движењето поради репроматеријалите кои не се произведуваат тука, рече Дритон Дикена, пчелар.

Слободан Јефтиќ, меѓународен судија за квалитет на мед од Србија потенцира дека во земјава поостои квалитетен мед и дека оваа гранка може и треба да биде водечка гранка за развој на земјоделството. 

– Медот од Балканот е најквалитетен во Европа, затоа Германците толку многу го плаќаат за да бидат со поквалитетно здравје. Луѓето комотно да почнат да се занимаваат со пчеларство, пчелата ни е вредно суштество кое помага за опрашување. Земјоделството и пчеларството може да напредуваат во продажба и извоз на мед, изјави Слободан Јефтиќ.

– Ние како пчелари од Македонија учествуваме на многу меѓународни натпревари, а пример во Тузла бевме 40 претставници. Од сите експерти што оценуваа мед, македонскиот мед беше оценет како најдобар во регионот и во Балкан. Веќе го именуваат како „Течен дијамант од Македонија“. Ние имаме квалитетен мед, а што недостига е да излеземе на светскиот пазар. Не може да правиме авиони, но сигурен сум дека може да прозиведуваме многу квалитетен мед. Би требало да имаме повеќе соработка и со државните институции и локалната власт со разни мерки и грантови за тие да го развиваат пчеларството затоа што Македонија може да биде светски бренд во пчеларството, истакна Дритон Дикена од пчеларското здружение „Градот на пчелите“.

– Со учество на манифестации за утврдување на квалитет на мед пчеларите добиваат сертификат со кој може да излезат пред купувачите дека е веродостоен, вреден да се конзумира, потенцира Владимир Антовски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над 6 илјади пчелари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе