Пендаровски ја објави кандидатурата за нов мандат: Не ме контролира никој, ниту ги диригира моите одлуки

Претседателот Стево Пендаровски ја објави кандидатурата за нов мандат на претстојните претседателски избори.

Пендаровски рече дека во изминатиот период добил поддршка од граѓани, јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе што го познаваат и не го познаваат и на сите нив им се заблагодари за поддршката и довербата.

Пендаровски очекува на 3 март СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник ќе разговара и со десетте партии од таа коалиција, кои најавија дека ќе го поддржат во трката за претседател. Претседателот ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат со собирање потписи.

„Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со мене, моето семејство, моите роднини и соработници. Ги предводев преговорите за членството во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата, а во вториот ќе станеме членка на ЕУ“, рече Пендаровски.

Како што додаде, не постои случај кога етничкото потекло било причина некого да деградира, а потврда во таа насока е и структурата во неговиот кабинет.

„Покажав дека претседателот може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори. Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.

Претседателот говореше и за договорите со Грција и Бугарија, како и за Рамковниот договор. Во таа насока рече дека постојат политички кандидати, кои најавуваат ревизија или поништување на Рамковниот, Преспанскиот или Договорот со Бугарија.

„Рамковниот ја исполни својата историска улога и не ја поткопа внатрешната кохезија. Најмногу поради него станавме кандидат за членка во ЕУ. Договорот со Грција го овозможи членството во НАТО (…),  а со Бугарија не беше спорен цели три години. Истиот тој договор стана проблем кога Бугарија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема“, рече Пендаровски.

Според него, тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со ЕУ и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана, исто како и идејата дека Договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но ќе бараат од Софија да го промени Уставот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе