Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги потпише предложените измени на законите за олеснување на проектот за Бехтел и Енка, кои Собранието ги изгласа во петокот. Тој образложи дека по неговите јавни изјави оти нема да потпише 60-часовна работна недела затоа што е неуставна, во указот што стигнал кај него таков предлог немало.

Претседателот извести дека ќе ги потпише сите пет измени на законите, односно измени на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за градење и на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

 

„Во однос на Законот за именување и дополнување на Законот за работните односи, сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд, која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината. Изминативе месеци дадов изјави дека нема да потпишам указ за прогласување закон што содржи одредба која претходно е оспорена од Уставниот суд и во таа насока новиот закон не ја содржи формулацијата 60-часовна работна недела. Изминативе денови направив низа консултации со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии од Уставниот суд и со советниците во мојот кабинет. Донесов одлука да го потпишам указот за донесување на овој закон и на другите четири закони“, рече претседателот Пендаровски.

Собранието ги изгласа петте закони за Бехтел и Енка откога тие вторпат беа предложени. При првиот обид, кога измените на законите беа предложени од пратеници, заглавија во собраниска процедура, а опозицијата недвосмислено рече дека ќе ги блокира.

За да ја заобиколи блокадата, Владата ги предложи измените на петте закони со европско знаменце и покрај забелешките од амбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир, дека знаменцето е злоупотребено оти не се работи за усогласување со европското законодавство.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Македонија

Чекална во Центар

Read more

Сончево време со температура до 35°C

Read more

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Read more

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе