Пендаровски: Секој што е споменат во „Рекет“ сам да даде изјава, а не да чека да биде повикан од надлежен орган

Велес, 23 септември 2019 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски смета дека сите инволвирани или споменати во врска со случајот „Рекет“ сами треба да се пријават и да дадат изјави, а не да чекаат да бидат повикани од надлежните органи.

– Мислам дека секој што е споменат, треба да даде изјави, дури и ако не е повикан од надлежен орган. Едноставно, како политичари сме должни да дадеме чист одговор пред јавноста дали преку соопштение или преку изјави пред надлежен орган и да кажеме – јас со таа и таа работа немам ништо, изјави Пендаровски при денешната посета на Велес.

Одговарајќи на новинарско прашање, Пендаровски појасни дека ги повикал надлежните да ги прекинат колективните годишни одмори во времето кога овој случај почнал да се развива во јавноста, бидејќи сметал дека аферата има такви пропорции што не може да се дозволи да има колективен годишен одмор во време кога јавноста очекува резултати.

– Околу темпото на истрагата, не можам да се мешам. Јас не повикав што е можно побрзо и не дадов рок до кога треба да има подигнато обвинение. Можеби нема да има. Јас повикав само да престанеме со користење на годишните одмори, бидејќи тоа не беше соодветно во тој момент, истакна Пендаровски.

Тој потсети дека на прес-конференцијата што ја одржал на 12 август кажал дека нема никаква релација со луѓето што се споменуваат и најави дека и во иднина има намера и за себеси и за луѓето од неговиот Кабинет, ако на било кој начин се споменати во било какви претпоставени незаконски дејства, да излезе со соопштение или со јавна изјава и да се даде отчет пред јавноста.

– Ние сме платени да дадеме отчет пред граѓаните, дури да дадеме одговор и на најнеоснованите конструкции што може да се направат. Ние сме должни да трпиме повисоко ниво на критика и јас ги повикувам и политичарите и позицијата и опозицијата и граѓаните тоа да го прават. Ние не смееме да бидеме херметични затворени во кабинетите и да чекаме да не повика официјален државен орган, рече Пендаровски.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе