ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Пеп задоволен од Грилиш: Не го купивме за да дава 45 гола по сезона

Откако Џек Грилиш стана најскап домашен играч во Премиер лигата, од него се очекува премногу, па каталонскиот стратег ја спушта топката.

Манчестер Сити летоска ѝ искешира на Астон Вила неверојатни 117,5 милиони евра за услугите за 26-годишното крило Џек Грилиш.

Откако првите 7 кола во Премиер лигата ги одигра како стартер, потоа неговиот статус почна да варира. Грееше клупа, влегуваше во второ, а некогаш беше и стартер. Веќе трет натпревар во серија нема влезено во игра, а вкупно сезонава во Премиер лигата одигра 17 од 27 натпревари, од кои на 7 беше заменет, а двапати влегуваше од клупата.

И на последниот натпревар со Евертон кога „Граѓаните“ се мачеа да го скршат отпорот на домашните, Пеп се сврте кон други играчи од клупата оставајќи го Грилиш да го догледа натпреварот на мира.

„Веројатно премногу слуша што велат другите“, вели Пеп алудирајќи на изјавата на Грилиш во декември кога рече дека „најважната статистика се головите и асистенциите, тие се оние на кои најмногу се посветувам“.

„Тоа е погрешно, но статистиката му е подобрена, а игра слично како во Астон Вула кога е во прашање контактот со топка“, додава каталонскиот стратег.

„Имаше шанси против Кристал Палас, за 20 минути можеше да постигне 3 гола. Не се случи, но некогаш ќе се случи. Не го купивме за да дава 45 гола по сезона“, категоричен е Пеп.

„Денес е важно дали даваш сѐ од себе, дали им помагаш на соиграчите во дефанзива и во офанзива, тоа е доволно. Благодарение на тие работи ние победуваме. Сите имаат агенти или менаџери и што не, кои кажуваат сѐ и сешто, а играчите слушаат. Тој игра добро. Да не беше така, ќе му кажев“.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе