Пепе Ле Пју „избркан“ од продолжението на „Space Jam“

Симпатичниот смрдливко нема да го гледаме во вториот дел од анимираниот филм „Space Jam“ откако неговите сцени биле избришани, тврди Deadline.

Романтичарот и нарцис, Пепе Ле Пју, симпатичниот американски твор кој вечно трага по својата сродна душа, нема да биде дел од „Space Jam“ чие продолжение доаѓа 25 години по оригиналот.

Пепе, несвесен за неговата одбивна смрдеа, упорно трага по љубов од понежниот пол, но неговите романтични обиди секогаш завршуваат со невозвратена љубов. Поради тоа, колумнистот Чарлс Блоу од The New York Times го обвини цртаниот лик дека „ги учи момчињата дека 'не' не значи навистина не“ и дека игнорирајќи го физичкото одбивање од страна на понежниот пол е „нормално, слатко и смешно“.

Deadline во неделата објави дека сцената во која се појавува Пепе веќе е исфрлена од продолжението на „Space Jam“ кое го прави Warner Bros. Онлајн магазинот тврди дека Пепе не е исфрлен поради колумната во The New York Times.

Снимена во 2019, сцената ја вклучуваше актерката Џејн Санто заедно со Пепе Ле Пју и беше опишана како црно-бел потсетник на „Casablanca“. Пепе се обидува да го бакне ликот игран од Санто, која истура пијалак врз него и му удира шлаканица. Леброн Џејмс во тој момент влегува во барот заедно со Душко Долгоушко и ја бараат Лола. Пепе им открива дека мачката Пенелопи, неговата долга невозвратена љубов, побарала забрана за негово доближување, па Леброн му вели дека „не можеш да допираш други од Веселата дружина без нивна согласност“.

Санто била разочарана од повлекувањето на сцената бидејќи во неа Пепе добива лекција во однос на тоа како не смее да се однесува. Таа се разочарала што „младите девојќи и момци нема да имаат шанса да увидат дека однесувањето на Пепе е неприфатливо“.

„Space Jam: A New Legacy“, или познат и едноставно како „Space Jam 2“ треба да ја има премиерата на 16 јули годинава на HBO Max. Режисер е Малколм Д. Ли кој го замени Теренс Ненс кој режираше кога беше ставена сцената.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе