Пет години од Шарената револуција: Кој ја организираше, дали успеа и дали би протестирале пак?

Шарената револуција, граѓанското движење кое се одвиваше од 12 април до средината на јуни 2016 година, денеска одбележува пет години од почнувањето.

По повод петгодишнината, ДИЈАЛОГ - Центар за делиберативна демократија од Прилеп спроведе анкета со нејзините учесниците и поддржувачи. Прашалникот беше споделуван онлајн во периодот јануари-февруари 2021, а опфатени се вкупно 289 испитаници (163 од кои преку методот на снежна топка, а 126 преку јавна објава на интернет).

„Споредено со теренското истражување на ДИЈАЛОГ за време на ШР во 2016 година (каде добиваме јасен преглед во демографската структура  на демонстрантите), овој примерок во голема мера ги отсликува мислењата на сите категории освен на демонстрантите на возраст над 60 години (особено пензионерите) и оние со средно образование. Дури 65,4% од испитаниците биле редовни учесници на протестите“, вели д-р Јосипа Ризанкоска, претседателка на ДИЈАЛОГ за резултатите од анкетата.

Понатаму во извештајот се наведува дека испитаниците ги користеле најмногу социјалните мрежи за информирање и за поддршка на протестите надвор од улиците, со што, вели Ризанкоска „ова граѓанско движење одговара на т.н. твитер револуции кои го обележаа почетокот на столетието“.

Станува збор за група на испитаници која освен за време на ШР била доста активна и на други претходни протести (за екологија, човекови права, образование, урбанизам и сл.), па во Стоп за полициска бруталност/Мартин Нешкоски во 2011 и Студентскиот пленум 2014/15.

 Главните заклучоци од истражувањето се :

•          Дури 50% (од оваа временска перспектива) сметаат дека организатор на ШР било движењето „Протестирам“, како спонтана реакција на граѓаните кои биле незадоволни од владеењето на тогашната Влада на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, додека 20% од испитаниците сметаат дека зад ШР стои СДСМ, а 14% од испитаниците не знаат кој стоел зад протестите.

•          Подобрување на политичката клима во државата, главните барања на ШР и политички промени со цел побрзи ЕУ-НАТО интеграции се трите најчести мотиви на испитаниците за излезност на протестите.

•          Половина од поддржувачите на ШР сметаат дека ШР ќе се успееше да се одржи и без вклучување на опозициските политички партии, наспроти 34% кои сметаат дека ШР не би можела да успее или воопшто да започне без партиите.

•          Мобилизацијата и организацијата на ШР се најдобро оценетите елементи на движењето, додека идеологијата и транспарентноста добиваат пониски оцени од страна на испитаниците.

•          Високи 60% сметаат дека методот-шарање бил соодветен метод на протест, но генерално постои сомнеж во успешноста на реализацијата на барањата на ШР.

•          Испитаниците ѝ даваат многу лоша оцена на тогаш новата Влада (Коалицијата „За заедничка Македонија“) за успешноста во застапувањето на идеалите на ШР во првиот мандат 2016-2020 (дури 68% ѝ дале оцена еден или два на скала од 1 до 5 – каде 5 е најдобро).

•          Испитаниците покажуваат највисок степен на незадоволство од Владата на Заев за справување со политичарите и олигарсите од „Бомбите“ и од случајот „Рекет“ (и инволвираноста на Катица Јанева во него).

•          Дури 66.4% од испитаниците сметаат дека подеднакво е нужна промена на политичкиот систем во државата сега како и во 2016-та.

•          Испитаниците се поделени во однос на перцепциите за вклучувањето на претставници на ШР во изборните листи и државните институции. Дури 58% сметаат дека учесниците во ШР, вклучени во Владата, не придонесле воопшто за реализација на реформите за кои се бореле.

•          Учесниците во ШР сметат дека движењето во голема мера позитивно влијаело на зголемување на слободата на медиумите и подобрување на граѓанската партиципативност, т.е. слободата на изразување воопшто и граѓанскиот активизам. Подобрување на европската перспектива на Македонија и намалување на полициската бруталност се исто така позитивно оценети аспекти на влијание на ШР. Она што демонстрантите/поддржувачи не сметаат дека ШР успеала да донесе се повисок степен на владеење на правото и правна држава и департизација на институциите. Дополнително, испитаниците генерално оценуваат дека ШР немала никакво влијание врз реформите во судството, социјална правда во државата, економска перспектива на Македонија и државните институции.

•          Испитаниците во голема мера сметаат дека граѓанското општество не е слободно и не е успешен коректор на власта, а дека е контролирано од политичките партии и домашни финансиски моќници. 

•          Движењето е поделено по однос на мотивацијата за понатамошно вклучување на испитаниците во идни протести. Додека за 33% од нив ШР е мотивација за вклучување и во идни протести, 31% од испитаниците рекле дека ШР ги демотивира за вклучување во идни протести.

•          Поделеноста се забележува и во општата оценка на испитаниците за генералниот успех на ШР во исполнување на својата цел. 51% од испитаниците сметаат дека ШР ја исполнила својата цел (целосно или донекаде), а 46% сметаат дека не.

•          Конечно, 48% од испитаниците повторно би се вклучиле во ШР и од оваа временска перспектива, додека 32% не, а 20% не знаат дали би се вклучиле или не.

Целосниот извештај од истражувањето на авторите Јосипа Ризанкоска, Кире Василев, Александра Спасеска, Мариглен Демири, Николина Ризанкоска-Антеска и Јасмина Трајкоска Наумоска, може да го прочитате и симнете ТУКА, а за повеќе информации за првото истражување од 2016 година посетете ги следните линкови:

https://cddd.org.mk/2017/12/18/bazazasharenavoskopjeiprilep/

https://brill.com/view/journals/seeu/43/1/article-p1_1.xml

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе