Пет причини за надуеност кои немаат врска со храна

Надуеноста е предизвикана од акумулација на гас во дигестивниот тракт. Обично е придружена со непријатност или болка во стомакот, а може да биде поврзана и со подригнување. Но, храната не е секогаш главната причина за оваа непријатна појава.

Гастроентерологот Моника С. Борка наведува дека надуеноста може да биде предизвикана од голем број фактори кои се поврзани со вашето физичко и ментално здравје.

Стрес

Вашиот дигестивен систем е во постојана комуникација со вашиот мозок. Така, стресот и анксиозноста, кои предизвикуваат телото да го ослободи хормонот на стрес - кортизол, може да придонесе за надуеност.

Лекови

Некои лекови може да ја нарушат бактериската рамнотежа во цревата, да предизвикаат задржување на течности, да ја променат дигестивната функција или да предизвикаат оштетување на дигестивниот систем доколку се земаат долгорочно.

Според студијата од 2016 година објавена во Scandinavian Journal of Pain, одредени лекови против болки најчесто предизвикуваат запек, што доведува до надуеност. Изненадувачки, додатоците како мултивитамини или додатоци на железо исто така можат да го направат тоа, вели таа.

Проблеми со цревата

Дивертикулозата е состојба во која се појавуваат мали испакнатини низ дебелото црево, а се верува дека една од причините е исхраната без влакна. Но, ако тие торбички се заразени, тогаш тоа се нарекува дивертикулитис, а еден од симптомите може да биде надуеност. Иако традиционално се наоѓа кај постарите лица, минатите истражувања покажуваат дека и многу помлади луѓе се погодени.

Инфекција

Инфекциите на уринарниот тракт или стомачните инфекции со H. pylori исто така може да предизвикаат надуеност. Освен надуеност, бактериска инфекција може да предизвика и гадење, подригнување и болки во стомакот или печење.

Менструација

Не се само грчевите и главоболките што ја прават менструацијата потенцијално неподнослива. Благодарение на флуктуациите на хормоните естроген и прогестерон, може да забележите дека сте подуени непосредно пред и за време на менструацијата.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе