Пет причини зошто Роналдо сака да си замине од Реал Мадрид

Вестите од вчера добија потврда, капитенот Рамос одби да коментира, но се чини дека Португалецот е одлучен во својата намера.

Не прекинуваат приказните околу заминувањето на Роналдо од Реал, денес Рамос одби да зборува за тоа, со порака дека не знае што се случува.

Медиуми блиски до клубот, не негираат дека нешто се подготвува, односно дека Португалецот има намера да си замине следното лето.

Дали е вистина дека тоа му го соопштил на Флорентино Перез и дека нема да се откаже иако има договор до 2021 година, тешко е да се каже.

Но, постојат неколку причини кои се наведуваат како клуч во неговата одлука.

1. Договор кој е многу послаб од оние на Нејмар и Меси. Сегашниот и поранешниот фудбалер на Барселона заработуваат неспоредливо повеќе, додека Роналдо прима 21 милиони по сезона.

Наводно минатото лето добил ветување дека ако остане, ќе започнат преговори околу подобрување на договорот, но тоа не се случило.

2. Роналдо има проблеми со навивачите, смета дека во клубот, но ниту на трибините не го ценат доволно и дека тоа на некој начин е порака дека треба да си замине.

3. Шпекулациите околу Нејмар го погодиле, не за доаѓање на Бразилецот во 2021 година, туку уште следното лето.

Имено, Перез верува дека ПСЖ ќе биде во сериозни проблеми да остане во границите на финансискиот фер плеј и ќе бидат принудени да се откажат од Нејмар.

Перез наводно е подготвен да го понуди и Асенсио како дел од договорот само за да дојде до потписот на Нејмар.

4. Одлуката Бензема да биде продаден. Кристијано е голем противник на тоа, во прашање е неговиот омилен соиграч и подготвен е и самиот да го напушти тимот, ако „деветката“ на Реал биде ставена на трансфер листата.

5. Проблемите со данок, односно фактот дека повеќе би заработувал во Англија поради различните закони.

Од одамна се споменуваше ПСЖ како негова можна следна дестинација, иако финансискиот фер плеј тешко би и дозволил такво нешто, а го имаат и Нејмар, додека во Јунајтед пречка е Мурињо. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе