Пет работи кои не сте ги знаеле за Леонардо да Винчи

Секој пат кога помислуваме дека конечно се решени сите мистерии кога е во прашање најинтригантниот ренесансен уметник, на површина излегува некоја нова тајна.

Да Винчи зад себе има оставено повеќе од 6 илјади страници кои би можеле да се состават и во форма на дневник. Правел списоци на неопходните намирници, цртал скици, оставал записи кои сведочат за неговото ментално здравје... Ова се некои интересни факти за неговиот живот кој веројатно не сте ги знаеле.

Бил вонбрачно дете

Да Винчи е роден 1452 година во регионот Винчи во денешна Тоскана. Според голем дел од податоците, неговиот татко бил нотарот и земјопоседник Сер Пјеро д'Антонио да Винчи, додека неговата мајка Катерина била селанка, можеби дури и робинка на имотот на татко му. Родителите на Да Винчи никогаш не се венчале, а Леонардо до својата петта година живеел со мајка му, додека потоа почнал да живее со татко му и неговата сопруга. Според записите на Леонардо, одржувал површен контакт со мајка му, додека очигледно многи повеќе бил приврзан кон татко му, за чија смрт долго и длабоко тагувал.

Бил необразован

Како и големиот дел ренесансни уметници, Да Винчи не одел редовно на училиште, но се школувал дома низ часови за јазик и математика. Во детството голем дел од времето го минувал надвор, воодушевувајќи ѝ се на природата. Многу се интересирал за својствата на водата и за птиците грабливки. Леонадрдо запишал дека неговото прво сеќавање е всушност сон во кој птица грабливка слетува на неговата глава и опашката му ја ставила в уста.

Подоцна, Леонардо заминал во Фиренца каде бил чирак кај Андреа дел Верокио, познат фирентински сликар. Се претпоставува дека Да Винчи тогаш ја насликал „Крштевањето на Исус“, но дека е потпишан неговиот учител.

Многу негови дела се недовршени

Да Винчи бил и тоа како бавен сликар и токму поради тоа многу од неговите дела останале недовршени, вклучувајќи слики и изуми. Исто така, и неговите белешки и записи се објавени постхумно.

Бил уапсен

Кога имал 24 години, Леонардо со уште неколку момци бил уапсен поради обвинување за содомија. Сепак, обвиненијата биле отфрлени благодарение на сведок кој се појавил, додека Да Винчи зашишал дека смета дека обвиненијата се непримерни за човек кој својот живот го држи далеку од очите на јавноста. Кратко по овој настан, заминал во Милано.

Имал воена поврзаност

Во Милано завртел нов лист, а неговиот план бил да се поврзе со Лудовико Сфорза, војводата од Милано. Требал да направи бронзена статуа на воен коњ, меѓутоа Да Винчи планирал покрај статуата да направи и неколку воени направи. Меѓутоа, поектот бил напуштен кога Франција ја нападнала Италија во 15 век.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе