ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Петелот ќе пее пред Давид: Фиорентина потпиша со Белоти

Филип Здравески
/ 01.02.2024 / 20:13

Андреа Белоти го засили нападот на клубот од Фиренца, известуваат медиумите од Италија.

Она што деновиве се зборуваше на Чизмата, вечерва се оствари. Рома и Фиорентина се договорија за 6-месечна позајмица на италијанскиот репрезенттаивец.

„Виола“ на „Волчицата“ ќе ѝ плати 750 илјади евра за позајмицата, а договорот вели дека по истекот на истата Фиорентина не е обврзана да го откупи.

URL

Белоти доаѓа во тимот на Винченцо Италиано поради слабата минутажа сезонава во Рома: играше на 14 натпревари во Серија А, но само на 6 беше стартер. Иако тренерот што слабо го играше, Жозе Мурињо, си замина, сепак од неговиот наследник Даниеле Де Роси доби зелено светло да си замине.

Во Рома дојде на крајот од летото 2022 година од Торино, каде претходно играше 7 сезони, станувајќи симбол на овој клуб.

URL

Фиорентина бараше свежа крв во нападот откако летното засилување, Анголецот М'Бала Нзола, кој дојде од Специја за 12 милиони евра, тотално разочара откако постигна само 4 гола сезонава во 30 натпревари во сите натпреварувања (Серија А, Копа Италија, Европа конференциска лига и Суперкопа).

30-годишниот Белоти веднаш ќе му се стави на располагање на Италиано со оглед на тоа што нема да прави медицински прегледи во Фиренца откако Фиорентина одлучи дека е задоволна со неговите тестови направени летоска. Така, тој ќе биде во комбинација веќе за утрешното гостување кај Лече на „Виа дел Маре“, кога може да дебитира.

URL

Прекарот на Белоти е Ил Гало, или во превод Петелот.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе