Pfizer испорачува двојно помалку вакцини, Европа незадоволна

Компанијата Pfizer оваа недела ќе испорача двојно помало количество на вакцини против COVID-19 за некои членки на ЕУ во споредба со договореното, поради што се зголемува незадоволството во Унијата.

Романија ќе добие 50 отсто од планираното количество оваа недела, а испораката ќе се зголемува постапно, па дури кон крајот на март Букурешт ќе го добие договореното количество, истакна заменик министерот за здравство Андреј Бачиу.

Слична е ситуацијата и во Полска, која во понеделникот доби 176.000 дози, односно 50 отсто помалку од очекуваното.

Чешката Влада поради проблемите со набавка, исто така, ја забавува кампањата за вакцинација.

– Мораме да очекуваме дека ќе има намалување на бројот на вакцинации во следните три недели, истакна чешкиот министер за здравство Јан Блатни.

Испораката на вакцината од Pfizer ќе биде помала за 15 отсто оваа недела, а следната за 30 проценти.

Pfizer им соопшти на Бугарија и на Полска дека ќе го надополни недостатокот од вакцините.

Официјални претставници од овие земји велат дека намалувањето на испораките ги поткопува нивните напори да спроведат масовна вакцинација.

Италија вчера се закани дека ќе ја тужи компанијата Pfizer. Унгарија денеска издаде прелиминарно одобрување за користење на вакцините против коронавирус на AstraZeneca и руската Sputnik V. Будимпешта побара од Брисел да влијае врз тоа Pfizer да се придржува кон планот за испорака.

Проблем поради намалените испораки на вакцината на Pfizer имаат и Канада и Швајцарија.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе