Pfizer: Нашата вакцина не е доволно ефикасна за малите деца, додаваме трета доза

Фармацевтската компанија Pfizer вчера соопшти дека тестовите на нејзината вакцина против COVID-19 на деца на возраст од 2 до 5 години покажуваат дека таа не го обезбедила очекуваниот имунитет кај децата на таа возраст и препорачува воведување трета доза.

Студијата покажа дека две дози од вакцината Pfizer/BioNTech прилагодени на деца не го создале очекуваниот имунитет кај деца на возраст од 2 до 5 години, иако тоа е случај за бебиња до 2-годишна возраст. Затоа, по анализата на податоците, компанијата одлучи да вклучи трета доза за сите деца и бебиња на возраст од 6 месеци до 5 години во својата програма за тестирање вакцини.

„Клиничките испитувања сега ќе вклучуваат проценка на ефективноста на третата доза од 3 микрограми, која ќе се дава најмалку два месеци по примањето на втората доза за да се обезбеди високо ниво на заштита во оваа возрасна група“, соопшти компанијата во изјава.

Дози прилагодени за помали деца

Pfizer ја намали дозата дадена на помалите деца во споредба со онаа дадена на возрасните. Имено, за возрасната група од 12 и повеќе години дозата е 30 микрограми, за деца од 5 до 11 години 10, а за најмладите 3 микрограми.

Прелиминарните студии покажаа дека оваа намалена доза треба да предизвика силен имунолошки одговор кај децата и да го намали ризикот од несакани ефекти. Сепак, најновите податоци покажуваат дека овој режим на вакцинација со намалени дози не го произведе очекуваниот имунолошки одговор кај децата на возраст од 2 до 5 години.

„Доколку студијата со три дози се покаже успешна, планираме да ги обезбедиме сите потребни податоци до регулаторните агенции во првата половина на 2022 година за да добиеме итно одобрение (ЕУА) за деца од 6 месеци до 5 години“, велат од Pfizer, според CNN.

Компанијата, исто така, ќе ја тестира ефикасноста на третата доза кај постарите деца, на возраст од 5 до 11 и од 12 до 15 години.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе