Пилешкото е едно од најконзумираните меса кај нас. Нема многу маснотии, а со него можат да се направат мал милион рецепти. Еве еден таков, пилешко во крем со лимон, предлог за вашиот утрешен ручек.
Иако можеби не ви изгледа така, овој рецепт е многу лесен за подготовка и е доволен за четири порции. За приготвување на овој оброк погледнете го видеото подолу, кое го подготви екипата на YouTube каналот на Tasty.
Потребни состојки:
2 парчиња пилешки стек
маслиново масло
кисела павлака
лимон
неколку листови босилек
сол и суви билни зачини
Пријатен апетит!