Пита од готови кори со морков и праз

Одличен рецепт за пита совршена за појадок или вечера.

Потребни состојки:

  • едно пакување готови кори за пита
  • 500 г праз
  • 1 морков
  • 150 г ориз
  • малку печурки, по избор
  • сол, бибер
  • 100 мл минерална вода
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете го измиениот ориз, посолете, додадете вода и гответе. Оризот не смее да биде преварен. Исцедете и оставете го настрана.

Во подлабоко тавче ставете неколку лажици масло. Празот исчистете го и измијте го, па исечете го на кругови и пржете на умерена температура. Кога малку ќе се испржи додадете еден изрендан морков и ако сакате исечкани печурки, па сето заедно испржете го.

Додадете сол и бибер по вкус, па добро измешајте. Потоа додадете го сварениот ориз и измешајте го со празот и морковот.

Ставете една кора, испрскајте ја со мешавина од кисела вода и масло, па ставете друга кора преку неа и неа попрскајте ја. Потоа филувајте и на крајот мотајте ја како ролна.

Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите кори, редете ги ролните во плех обложен со мрсна хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час или додека не порумени.

Тагови
реклама

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе