Пиварницата Guinness е најдобра туристичка атракција во Европа за 2023

Според World Travel Awards најдобра туристичка атракција во Европа за 2023 година е Guinness Storehouse во Даблин.

Кога ќе помислите на најдобрата туристичка атракција во Европа, веројатно помислувате на Стоунхенџ, Колосеумот или Ајфеловата кула. Сите тие се неверојатно познати, но на изненадување на многумина едно обележје ги надмина во трката за водечка туристичка атракција во Европа.

Според World Travel Awards, гала свеченост која секоја година ги слави најдобрите во патувањето, туризмот и угостителството од 1993 година, пиварницата Guinness Storehouse во Даблин, главниот град на Ирска, е водечка туристичка атракција во Европа.

Меѓу номинираните беа Бакингемската палата во Лондон, Саграда Фамилија во Барселона и Акрополот во Атина.

Guinness Storehouse за прв пат ја освои наградата во 2015 година и е рангирана како најдобра туристичка атракција во Ирска како целина. Се наоѓа во самото срце на Даблин, град познат по својата богата историја и култура.

Магацинот не е само местото каде што се произведува пивото Guinness во последните 250 години, туку нуди поглед од зад сцената на сложеноста на правењето и точењето на ова светски познато пиво.

Ова место ја раскажува приказната за најпознатото извозно пиво во Ирска, пивото Guinness, од неговите скромни почетоци во 1759 година до денес. Магацинот не е само дом на Guinness, туку и прослава на ирската култура, креативност и претприемништво.

@eringeorgia_ A must visit whether you like guinness or not! #fyp #foryou #mustvisit #dublin #ireland #viral #travel #xyzbca ♬ Au Revoir - Sweet After Tears

Приказната е раскажана преку различни интерактивни изложбени простори вклучувајќи состојки, транспорт, соработка, рекламирање и спонзорство. Се протега на седум ката и опкружува стаклен атриум во форма на литар Guinness.

Има и кино сала посветена на прикажување на стари реклами за Guinness и неодамна реновираниот Gravity Bar кој има прекрасен поглед на главниот град на Ирска.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе