Платини призна: Го наместивме финалето на Светското првенство во 1998 година

Мишел Платини, поранешниот претседател на УЕФА кој беше суспендиран од фудбалот поради корупција, тврди дека Светското првенство од 1998 година било наместено за во финалето да се сретнат Бразил и Франција.

Франција пред 20 години на свој терен го освои светското злато со победа од 3:0 во финалето против Бразил, а Платини тврди дека мали трикови при ждрепката обезбедиле овие две светски фудбалски сили да се сретнат дури во финалето.

„Кога го правевме календарот, се послуживме со трикови. Само ние (Франција) и Бразил моравме да завршиме први во група и не можевме да се сретнеме пред финалето. Тоа на крај и се случи“, изјави Платини.

Бразил воочи турнирот беше прва екипа во светот и беше дел од групата А, додека Франција како домаќин играше во групата Ц.

Платини, кој беше дел од организацискиот одбор за Светското првенство во Франција, тврди дека тогаш на сите им било сон во големото финале да играат Франција и Бразил.

„Не се досадувавме шест години со организацијата за СП за на крај да не се послужиме со трикови. Кога играте дома, сакате да уживате во некои работи. Мислите дека останатите домаќини не го правеа истото? Финалето со Бразил беше сон на сите нас“, вели Платини.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе