По 130 години се промени дефиницијата за поимот килограм

Научниците на 26-от состанок на Општата конференција за тежини и мерки, кој се одржа во Париз, гласаа за нов начин на кој ќе се дефинира поимот килограм, основната мерка за маса.

Оваа промена се случува по 130 години откако беше воведена претходната дефиниција за килограм, кога тежината на еден килограм беше измерена според тегот наречен „Големото К“.

Според изворите кои беа присутни на конференцијата, килограмот не е единствената мерка која претрпе измени преку гласањето на научниците. Променети беа уште и Амперот, Келвинот и молот, како и останатите изведени единици како Волт, Ом и Џул.

„На овој проект работам многу кратко време, но многу сум возбудена поради промената. Ќе биде тешко да се навикнам дека килограмот повеќе не е исто каков што го паметам целиот живот, но новиот систем е чекор напред и ќе работи многу подобро. Ова е возбудлив момент за сите нас“, вели Перди Вилијамс, научник од Националната лабораторија за физика на Велика Британија.

„Големото К“ беше единица мерка која го одредува килограмот од 1889 година па досега. Но, овој тег и неговите копии полека почнаа да стануваат полесни, а тоа ја направи потешка работата на оние кои треба да одредат која е вистинската мерка за еден килограм. Поради тоа, отсега па натаму килограмот нема да се мери според универзален тег кој ќе се чува во затворена просторија, туку преку математичка равенка која ќе се користи секаде низ светот.

Ова е посебно важно за луѓето кои работат во индустриите каде тежината на нивните производи или состојки е многу важна. Оваа промена е клучна за индустриите за производство на лекови и нанотехнологии а индустриската прецизност на новата мерка е ставена најнапред, во фокусот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе