По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот

Скопје, 2 јули 2019 (МИА) –  Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција…  Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.

Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.

Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година. – Со просечната брзина преземање  HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен, покажува истражувањето на Cable.co.uk. (https://www.cable.co.uk/broadband/speed/worldwide-speed-league/)

Три четвртини од корисниците не ја знаат брзината на интернет

Според истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), споведено на крајот на мај годинава, три четвртини од корисниците на интернет во државава не ја знаат брзината што треба да ја добијат од операторот. Голем дел корисниците на интернет, односно 66 проценти, не знаат и дека постои можност да се измери точната брзина што ја испорачува интернет-провајдерот. Повеќе од една третина (38 проценти) од испитаниците што се свесни за таа опција ја проверуваат брзината на нивната интернет-конекција. На само шест проценти од испитаниците опраторот им понудил софтвер или сајт за мерење на брзината на интернетот.

АЕК обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата. Добиените резултати се информативни. Но, доколку измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според упатствата значително отстапуваат од брзината што ја понудил операторот и за којашто е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.

Апликации за мерење на брзината на интернетот

Критериумите за квалитет се дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи. За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети сите критериуми. Доколку корисникот смета дека услугата која ја добива не ги исполнува наведените критериуми, може да поднесе приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои ги добил од мерењата со алатките од АЕК. Тоа се  две апликации, веб-сервис на адресата speedtest.aek.mk, за информативно мерење (Упатство)  и самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).

Анкетата на АЕК покажува дека годинава споредено со лани, за пет проценти е зголемен бројот на корисници на интернет преку мобилен телефон кои рекле дека се задоволни во однос на брзината на услугата. Одговор дека се многу задоволни дале 56.6 проценти од испотаниците, делумно се задоволни  35,2 проценти, делумно се незадоволни 5,9 проценти, воопшто не се задоволни 1,5 проценти.

Во државава 84,3 проценти од домаќинствата имаат интернет конекција, која преку Телеком ја обезбедуваат 39,8 проценти од корисниците,  30,5 проценти преку ВИП, по што следат Телекабел со девет проценти, Спајдер со 3,5 проценти и Кабел нет со 3,1 процент.

Околу 34 проценти од испитаниците кои имаат пристап до интернет контактирале со провајдерот поради прекин или недостапност на услугата. Кај 86 проценти проблемот е решен истиот или следниот ден. Повеќе од една четвртина  или 28 проценти од домаќинствата со интернет-пристап  приговарале телефонски до провајдерот и во 89 проценти од случаите одговорот од операторот бил задоволителен. Само 0,5 проценти упатиле писмен приговор.

 

Лидија Велковска

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе