По имплозијата на Титан, две стари епизоди на „Симпсонови“ го привлекоа вниманието на фановите

„Симпсонови“ со децении можеа да предвидат настани кои влијаат на реалниот свет. На пример, анимираната серија покажа дека милијардерите ќе патуваат во вселената, дека Disney ќе стане сопственик на студиото 20th Century Fox и дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД многу пред овие настани да се случат во реалниот живот.

Фановите на шоуто на Twitter велат дека се убедени дека и сценаристите на „Симпсонови“ успеале да ја предвидат неодамнешната трагедија во која животот го загубија пет патници од подморницата Титан на OceanGate. Епизодите кои ги потсетуваат на несреќата се Homer's Paternity Coot од сезона 17 и Simpsons Tide од сезона 9.

Во епизодата Homer's Paternity Coot од 2006 година, главниот лик на серијата, Хомер, влегува во подморница која случајно се заглавува на дното на океанот и неговото снабдување со кислород полека почнува да истекува. Пред да се знае дека Титан имплодирала, многумина веруваа дека и нејзините патници ќе доживеат слична судбина.

URL

Во епизодата Simpsons Tide од 1988 година, Хомер се приклучува на морнарицата откако беше отпуштен од својата работа во нуклеарна централа. Оваа епизода обожавателите ја поврзуваат со трагедијата поради прикажување на дефект на воена подморница.

Исто така, фасцинантен за обожавателите е фактот што извршниот продуцент на оваа епизода, Мајк Реис, отиде да ги види остатоците од Титаник минатата година во експедицијата на OceanGate. Simpsons Tide беше последната епизода на која работеше Реис.

URL

Сепак, Реис, поранешниот сценарист и продуцент на серијата, во едно неодамнешно интервју откри дека Simpsons Tide воопшто не е пророштво, туку дека преку таа епизода само сакале да му оддадат почит на филмот Crimson Tide во кој глуми Дензел Вашингтон, пишува CinemaBlend.

„Ја направивме таа епизода бидејќи штотуку излезе филмот Crimson Tide. Не ја предвидувавме иднината, само бевме инспирирани од филмот, а 20 години подоцна се случи нешто слично“, објасни Реис.

Иако обожавателите на серијата се убедени дека писателите на Симпсонови имаат пророчка моќ, професорот по филозофија од Универзитетот во Глазгов д-р Џон Доналдсон објасни зошто се појавува овој феномен.

Доналдсон рече дека „предвидувањето“ се случува затоа што „Симпсонови“ се реална серија која допира теми што се релевантни за нас и со кои се занимаваме секој ден, па затоа не е чудно што реалниот живот и серијата понекогаш се преклопуваат, имајќи предвид дека серијата има стотици епизоди.

Remote video URL
Тагови
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе