По судењето, Џони Деп може да стане најплатениот актер досега

Победата на холивудскиот актер Џони Деп, во случајот за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, може да му помогне да се врати директно на врвот на листата  најплатени холивудски актери.

Експертот за односи со јавноста Александра Вила, која во последните две децении ги претставува холивудските ѕвезди, е уверена дека ова ќе биде одличен исчекор во кариерата на Џони Деп.

„Кариерата на Џони ќе го достигне врвот, тој не само што ги освои срцата на публиката туку и ќе може да бира улоги во некои од најголемите филмови кои ќе излезат во следните неколку години. Би можел да стане најплатениот актер досега“, вели Вила за Daily Star.

Таа се осврна и на неговата кариера:

„Џони заработи милијарди долари во последните неколку децении. Зад себе има 40 години работа и проекти кои публиката ги сака“, објасни таа.

Освен филмовите, тука е и парфемот Savage чие заштитно лице е тој, а кој се продава во рекордни количини.

Експертката објаснува дека Џони си ја соголил душата пред јавноста, а сега неговиот углед ќе биде вратен.

Според извештајот на Forbes од почетокто на 2022 година, најплатен актер е Двејн Џонсон кој заработи 270 милиони долари на филмовите „Black Adam“ и „Red Notice“.

Деп за филмот „Alice in Wonderland“ заработи 68 милиони долари, без притоа нешто особено да се потруди. Според анализа на 24/7 Wall Street, Деп во филмот изговорил само 661 збор што го прави еден од најплатените актери со најмалку изговорени зборови. Од друга страна, од „Pirates of the Caribbean“ оствари заработка од 90 милиони долари по филм што значи дека неговата вкупна исплата е 450 милиони долари.

Тагови
реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Филм & ТВ

Селена Гомес за коментарите за нејзината тежина: Не сум модел и никогаш нема да бидам

Read more

Педро Паскал за Џенифер Анистон: Би направил сè за неа

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Read more
 

Сцена

Селена Гомес за коментарите за нејзината тежина: Не сум модел и никогаш нема да бидам

Читај повеќе

Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

Читај повеќе

Педро Паскал за Џенифер Анистон: Би направил сè за неа

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Читај повеќе

Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на ќерката Роуз

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за најскапиот филм на Пол Томас Андерсон досега

Читај повеќе

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Читај повеќе