33-годишен маж во Хрватска почина 12 дена откако ја прими вакцината на AstraZeneca, хрватската агенција за лекови покрена истрага.
Како што дознава Index.hr, починатиот маж е од Сисак и почина утрово во загрепскиот КБЦ Ребро. Бил вакциниран во Сисак, а засега не е познато дали примил една или две дози.
ХАЛМЕД денеска доби пријава дека се сомневаат на нуспојава со смртен исход. Агенцијата е во контакт со здравствената установа за да ги добијат сите потребни документи кои се потребни за да го истражат овој случај.
Во пријавата е наведено дека станува збор за тромбоцитопенија и крварење, а обдукцијата е во тек.
Оваа пријавата ќе биде испратена и до ЕМА.