Почина 58-годишен маж, четврта жртва по експлозијата во Романовце

На Единицата за интезивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје синоќа почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба откако настрада во експлозија на плинска боца во кумановско Романовце, информираше за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ  д-р Илир Хасани. 

– Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж, изјави Хасани.

Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.

Синоќа министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ. Филипче информираше за состојбата на повредените и нагласи дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување. Потенцира дека внимателно ќе се следи нивната состојба.

Во критична животна состојба се и 40-годишната жена и 10-годишното дете кои во моментов се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години. Ова за МИА го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург Љубен Арсенков.

Гинеколог ја прегледал пациентката, која е бремена во седми месец, и констатирал дека плодот е добар. Според првичната проценка, кај жената имало опеченост од 20-30 отсто и била примена во единицата за интензивно лекување.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе