Почина легендарниот НБА кошаркар Бил Расел

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Американецот Бил Расел, почина на 88-годишна возраст, објави неговото семејство на социјалните мрежи.

„Бил Расел, најплодоноснииот победник во историјата на американскиот спорт, почина во мир во 88. година од животот, покрај својата сопруга Џени“, објави синоќа семејството на еден од најголемите светски кошаркари.

Расел со Бостон Селтикс освои 11 титули, од кои две како играч-тренер (1968, 1969), а се запиша во историјата и како прв црномурен тренер во НБА лигата. Играше на позицијата центар.

Пет пати беше избиран за најкорисен играч на Лигата, а 12 пати беше учесник на Ол-стар натпреварите.

Во кариерата Расел се закити и со златен олимписки медал во 1956 година кога во финалето во Мелбурн САД го совлада СССР со убедливи 89:55.

Расел се родил на 12 февруари 1934 години во Монро, Луизијана. Кариерата ја почна во колеџ тимот на Универзитетот Сан Франциско, а во 1956 година беше драфтуван од Бостон Селтикс. Се пензионираше по 13 сезони, сите во дресот на Бостон. Како тренер освен Бостон ги водеше и Сиетл Суперсоникс (4 сезони) и Сакраменто Кингс (1 сезона). Од тренерскиот занает се повлече во 1988 година.

Тагови
реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе