Почина мајсторот за Мундијали - Марио Загало

Марио Загало, легендата на бразилскиот фудбал, почина во петокот на 92-годишна возраст. Засекогаш ќе остане запаметен како првиот фудбалер кој го освоил Светското првенство како играч, а потоа и како селектор. Наречен Професор, Загало одигра клучна улога во четири од петте светски титули на Бразил.

Како играч освои две светски шампионски титули, во 1958 година во Шведска и во 1962 година во Чиле. Како селектор, тој потоа го предводеше Бразил до мундијалска титула во 1970 година во Мексико и беше помошник тренер за време на победата на Светското првенство во 1994 година во САД. Повторно беше селектор во 1998 година кога Бразил загуби со 3:0 на „Стад де Франс“ од Франција.

Успехот да ја освои титулата светски првак како играч и како селектор по него го повторија само легендарниот Германец Франц Бекенбауер (во 1974 како играч и во 1990 како селектор) и Дидје Дешан (во 1998 како играч и како селектор во 2018).

Загало, чија статуа се наоѓа пред стадионот „Нилтон Сантус“ во Рио де Жанеиро, беше селектор на Кувајт од 1976 до 1978 година, а потоа и во 1989/1990 работеше во Обединетите Арапски Емирати кои ги одведе на нивниот единствен Мундијал каде што играа без него бидејќи беше отпуштен пред турнирот.

Роден на 9 август 1931 година во Масеју, на североистокот на земјата, во семејство со либанско и италијанско потекло (Загало е бразилска верзија на оригиналното либанско презиме Закур), Мариу Жоржи Лобу Загалу ја започна својата кариера во 1948 година во скромниот клуб Америка од Рио де Жанеиро, а потоа одигра 8 сезони за Фламенгу и 7 за Ботафогу.

За бразилската репрезентација дебитираше во мај 1958 година, пред да го освои својот прв светски шампионски трофеј на 27-годишна возраст со неговите познати соиграчи Пеле, Гаринша, ЏиЏи и Вава. Бразил во финалето на Мундијалот го победи домаќинот Шведска со 5:2, а Загало го постигна четвртиот гол. Вкупно за Бразил одигра 33 натпревари и постигна 5 гола. Играше во нападот, често како лево крило.

Многу суеверен, Загало непоколебливо веруваше во бројот 13 кој го красеше неговиот дрес. Се оженил на 13 јуни, живеел на 13-ти кат, возел автомобил со број 13. И рекол дека му е жал што финалето во 1998 година се играло на 12 јули… (Бразил загуби).

Загало се пензионираше во јуни 1964 година на 33-годишна возраст, а потоа две години подоцна почна да се занимава со тренерската работа, главно во Бразил (Ботафогу, Фламенгу, Флуминенсе, Португеза и Васку џи Гама).

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе