Почина најозогласениот шеф на Коза ностра

МАКФАКС
/ 25.09.2023 / 08:20

Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, објави денеска новинската агенција ANSA, пренесува Reuters.

Месина Денаро (61) во моментот на апсењето боледуваше од рак на дебелото црево. Бидејќи неговата состојба се влошила во последните недели, тој бил префрлен во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија.

Денаро не побарал агресивен медицински третман, објави ANSA, додавајќи дека лекарите престанале да го хранат откако било прогласено дека е во неповратна кома.

Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот град на Сицилија, Палермо. По апсењето, Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор и затворен во максимално обезбедуван затвор во Аквила каде според достапните информации продолжил со лекувањето.

Познат по прекарот Дијаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател и самиот, Матео Месина Денаро беше долгогодишен шеф на Коза ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се прошируваше на Палермо.

Тој беше безмилосен убиец и последен претставник на старата гарда на Коза ностра. Во 1992 година, тој беше дел од групата мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Риина (1930-2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата. Тоа им успеа во бомбашкиот напад, на 23 мај во близина на Палермо.

Матео Месина Денаро исчезна во летото 1993 година и стана најбараната личност во Италија. Во годините што следеа интензивно се бараше по него.

На крајот било утврдено дека тој престојувал недалеку од родниот град Кастелветрано во западна Сицилија. По долгогодишно прислушување на членовите на неговото семејство и пријателите, полицијата на крајот го пронашла Денаро и го уапсила во приватна клиника во Палермо каде дошол на редовен медицински преглед.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе