Почина писателот Филип Рот, добитник на Пулицерова награда

Еден од најголемите американски автори Филип Рот почина на 85 години.

Рот, добитник на Пулицерова, Национална книжевна и Ман Букерова награда за литература, како главна инспирација ги имаше животот на еврејските семејства, сексот и американскиот идеал.

Негови најпознати дела се „American Pastoral“, „I Married a Communist“ и „Portnoy's Complaint“.

Весникот „New York Times“ објави дека блиок пријател на писателот соопштил дека Рот починал од проблеми со срцето.

Првите книжевни успеси Рот ги постигна со збирката раскази „Goodbye Columbus“ објавена во 1959 година.

Една деценија подоцна, неговиот сексуално експлицитен роман „Portnoy's Complaint“ го катапултираше во контроверзна територија и стана еден од најпознатите луѓе во САД.

Во подоцнежните години од неговата кариера пишуваше историски романи за кои доби одлични критики, меѓу кои и „American Pastoral“ за кој доби Пулицерова награда.

Имаше долга и плодна кариера и објави над 30 книги пред да стави крај на кариерата во 2009 година.

Неговата книжевна оставнина е од огромно значење за американската и светската литература.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе