Почина Шон Конери, најпознатиот Џејмс Бонд

Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд, почина на 90-годишна возраст.

„Сер Шон Конери, кој го прослави својот 90-ти роденден во август, почина денеска“, објави BBC.

Семејството на Конери потврди дека тој починал, но не даде причина за смртта. Сепак, BBC објави дека тој починал навечер, во сон, додека бил на Бахамите.

Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „The Hunt for Red October“, „The Rock“, „Indiana Jones and the Last Crusade“, „The Untouchables“, „The Name of the Rose“ и многу други.

Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза.

Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „The Untouchables“ во 1988 година, две награди BAFTA и два Златни глобуса.

Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета во 2000 година. Но, тој е подеднакво сакан и почитуван од неговите колеги Шкотланѓани. Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд реагираше на смртта на Конери, опишувајќи го како „најголемиот Шкотланѓанец во светот, последен од вистинските холивудски sвезди, совршениот Бонд“.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе