Хроника

Починало 14-годишно девојче во базен во Битола

13. јуни 2019 - 10:48 | МИА

Скопје, 13 јуни 2019 (МИА) – Во битолската Клиничка болница вчера било донесено 14-годишно девојче кое починало во базен на улица „Довлеџик“.

Од МВР информираат дека вчера, околу 12:45 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Клиничката болница во Битола било донесено починато 14-годишно девојче, кое починало околу 10:00 часот во базен на ул.„Довлеџик“.

По наредба на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Коментирај