Министерството за финансии соопшти дека започнало со исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставниот суд во Службен весник, со која беа отстранети законските пречки за исплата, соопштија од Кабинетот на министерот за финансии.
„Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии започна со исплата на субвенциите кон земјоделците,“ се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.