Почна собраниската седница за избор на новите министри

Скопје, 27 јуни 2019 (МИА) – Во Собранието денеска продолжи 103. седница на која се очекува да бидат изгласани новите министри во Владата на премиерот Зоран Заев.

За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Трајан Димковски, а за министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Со Министерството за култура ќе треба да раководи Хусни Исмаили, додека со Министерството за локална самоуправа Горан Милевски. За прв човек на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците е предложен Садула Дураку.

Вчера, Собранието по повеќечасовна дебата исполнета со реплики и контрареплики ги разреши досегашните министри за финансии и за локална самоуправа Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу, како и министерот без ресор задолжен за Рамковниот договор Хазби Лика. На почетокот на седницата беа констатирани и оставките на министрите за земјоделство и за култура Љупчо Николовски и на Асаф Адеми, како и на министерот за животна средина Садула Дураку и министерот без ресор Зоран Шапуриќ.

На почетокот на вчерашната седница, премиерот Заев го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии, појаснувајќи дека согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководи со Министерството за финансии, сé до изборот на нов министер. Образложувајќи го овој чекор, тој рече дека мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и на Антикорупциската комисија, која, според него, испратила сериозна порака.

Реконструкцијата беше најавена од премиерот Заев по објавување на резултатите од првиот круг на претседателските избори. Тој најави смени и во раководните структури на јавните претпријатија и во самата партија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе