Во Окружниот суд во Лос Анџелес започна судскиот процес по тужбата поднесена од Ванеса Брајант против локалната полиција за повреда на приватноста и невнимание поради објавување фотографии од местото на несреќата во која нејзиниот сопруг и легендарниот кошаркар Коби Брајант и ќерката Џијана (13) починаа во 2020 година.
Адвокатот што ја застапува Ванеса изјави пред судот во Лос Анџелес дека полицајци и пожарникари на Лос Анџелес отишле на местото на несреќата во јануари 2020 година и потоа го фотографирале, но без официјално одобрение.
Пред судот беше изнесена тезата дека сè било направено за полицајците „да се смеат и оговараат“, а не за документирање и анализа на причините за падот на хеликоптерот. Во врска со ова, се тврди дека имало нарушување на приватноста бидејќи немало официјална потврда дека смее да се снимаат фотографии.
„Ги споделувале фотографиите додека играле видеоигри. Ги споделија со луѓе кои немаа причина да ги гледаат фотографиите", рече адвокатот, велејќи дека на фотографиите се гледаат осакатени тела, крупен кадар од екстремитети и изгорени делови од телото, по што продолжи:
„Тој 26 јануари 2020 година беше најлошиот ден во животот на Ванеса. Полицијата го влоши тоа, истури и триеше сол на отворена рана“.
Потоа, адвокатот пуштил безбедносна снимка од полицајците како пијат и му ги покажуваат фотографиите на келнер, кој наводно „го трга погледот“. Се верува дека фотографиите им биле прикажани на голем број луѓе, а бројката е повеќе од 30.
Да потсетиме, во сообраќајната несреќа покрај Коби и Џијана Брајант загинаа Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, Кристина Маузер, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон и пилотот Ара Зобајан, кој беше прогласен за виновен за оваа голема трагедија која го потресе светот пред две години.
Брајант беше еден од најдобрите кошаркари во историјата, пет пати ја освои НБА со Лос Анџелес Лејкерс за две децении, освои два златни олимписки медали со САД во 2008 година во Пекинг и 2012 година во Лондон.