Под закана со пиштол извршени десетина кражби во Македонија

Под закана со пиштол или нож, во еден ден ограбени се три продавници, двајца таксисти, малолетник во Скопје и во Битола, соопшти полицијата.

Во текот на вчерашниот ден во 20.30 часот во Скопје на ул. „Самоилова“ во колонијална продавница непознат сторител извршил разбојништво над вработената. Сторителот со закана со пиштол го одзел дневниот промет од 13.730 денари и побегнал во непознат правец.

Уште една продавница била ограбена истиот ден, околу 20.55 часот во населба Горно Оризари – Битола, во колонијална продавница, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработените. Сторителот со закана со пиштол одзел 17.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Околу 22.25 часот во Битола на ул. „Партизанска“, во трафика, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработената. Сторителите со закана со пиштол и нож од вработената одзеле околу 15.000 денари, по што побегнале во непознат правец.

Ограбени биле и двајца таксисти. Во 21.10 часот на ул. „Ордан Чопела“ две непознати лица извршиле разбојништво над такси возач. Сторителите со закана со пиштол од такси возачот одзеле околу 5.000 денари, при што едниот од нив испукал и еден куршум надвор од возилото. Откако го извршиле делото сторителите го напуштиле местото на настанот.

Во другиот случај пак, Ч.А. пријавил дека во 22.45 часот на ул. „Менделеева“ две непознати лица извршиле разбојништво над него. Сторителите влегле во неговото такси возило„Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки и побарале да ги вози до наведената улица. Откако пристигнале, еден од нив со закана со пиштол му одзел 1.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнале во непознат правец.

Во неделата А.Ј. пријавил дека околу 19.45 часот во населба Шуто Оризари, во дворот на ОУ„Браќа Рамиз и Хамид“ , три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над неговиот седумнаесетгодишен син. Сторителите со закана со нож му одзеле мобилен телефон по што побегнале од местото на настанот.

По полноќ во 01.21 часот во населба Топанско поле, во објект на „АМСМ“, две непознати маскирани физички го нападнале Р.М., вработен во агенцијата за обезбедување, кој го обезбедувал објектот. Сторителите, потоа, со закана со пиштол му одзеле мобилен телефон и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сите случаи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе