Подигнато обвинение против шест лица за убиството на лидерот на косовските Срби

Приштина, 2 декември 2019 (МИА) – Специјалното обвинителство на Република Косово денеска подигна обвинение пред Специјалното одделение на приштинскиот Основен суд против шест лица осомничени за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси две години во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на Обвнинителството се наведува дека обвинетите се товарат за кривичните дела „Учество или организирање на организирана криминална група“, „Злоупотреба на службената должност и овластување“, „Помош во извршувањето на кривичното дело Тешко убиство“, Неовластено поседување оружје“, „Откривање службена тајна“, „Злоупотреба на службената должност во соизвршување“ и „Манипулирање со докази во соизвршување“.

– Специјалното обвинителство информира дека лицата Н.С., М.Р. и Р.Б., кои се наоѓаат во притвор, како и М.Р, З.В. и Ж.Б., кои се во бегство и за кои надлежен суд објави налог за приведување и меѓународна потерница, дејствувале како организирана криминална група со структура и хиерархија, со формално определени улоги, криминална група која не е формирана случајно, туку дејствува од 2011 година наваму, раководена од лицата З.В. и М.Р., кои се во бегство, при што сите обвинети дејствуваат во континуитет и во соработка, намерно и свесни за намерата и општите дејствија на организираната криминална група за вршење едно или повеќе кривични дела (…) при што дејствијата на оваа група резултираа со убиството на Оливер Ивановиќ, откако истите претходно му го запалија автомобилот, се вели во обвинението што го објави Специјалното обвинителство.

Приштинските медиуми објавија дека сите шест обвинети се припадници на српската етничка заедница во Косово.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Што се случува доколку секој втор ден правите по 200 склекови?

Read more

Секс-пози за кои луѓето повеќе зборуваат, отколку што ги практикуваат

Read more

Најсмешните новинарски незгоди со животни

Read more

Регион

Илиев: Бугарија може да остане сама во спорот со Северна Македонија

Read more

Околу 60% од Словенците ќе се вакцинираат против COVID-19

Read more

Загреб може да го снајде земјотрес 30 пати посилен од оној во март

Read more

Дачиќ за барањето за признавање на МПЦ: Очекуваме Вселенскиот патријарх да биде против

Read more

Вести

Ким се извини за убиството на јужнокорејскиот службеник

Читај повеќе

Илиев: Бугарија може да остане сама во спорот со Северна Македонија

Читај повеќе

Корона кризата ги извади на површина слабостите во домашниот туризам

Читај повеќе

Припадник на Алфите треба да сведочи во случајот „Монструм”

Читај повеќе

Ситуацијата со COVID-19 во Прилеп е сериозна, има сѐ помлади пациенти

Читај повеќе

Сончево и топло до 31°C, од утре заладување

Читај повеќе
  • play_arrow

Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Пронајдена мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово, приведени 3 лица

Читај повеќе