Поднесена кривичната пријава против цементарница Титан Усје

Градот Скопје денеска информира дека поднеле кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице - Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.

Имено, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час.

– Забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку двапати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час, се посочува во соопштението.

Производниот процес на цементарницата „Титан Усје“, како што велат од Град Скопје, е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината.

– Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“.  За овие дела е предвидена затворска казна, се наведува во соопштението.

Од Град Скопје апелираат до Основното јавно обвинителство во Скопје темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении нѐ трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе