Поднесено обвинение против мајката која малтретираше 18-месечно дете

По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, Oсновното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

Мајката се товари дека на 31 август годинава физички го малтретирала своето 18-месечно бебе.

Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт, достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.

Инцидентот се случил на 31 август околу 18 часот на улицата „Аминта Трети“ кога осомничената идентификувана како А.Х., на 30 години од Скопје, започнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа во еден момент го зела своето 18-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце по главата и по телото, а во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја.

Настанот го забележал случаен минувач кој пријавил во Единицата за информации и команда при СВР Скопје, по што од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото и известена службата за итна медицинска помош, бидејќи било проценето дека детенцето не е во добра здравствена состојба.

По укажаната медицинска помош детето било пренесено на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде што било примено и задржано за натамошно лекување, по што подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде му биле извршени потребните медицински испитувања, при што од страна на лекар специјалист неврохирург било констатирано дека детето има нагмечување на главата и потрес на мозокот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе