Поднесено обвинение против поранешниот директор и тројца вработени од Централниот регистар

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против поранешниот директор на Централниот регистар Андреја Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување, како и против тројца вработени за кои се сомничат за помагање.

– Првообвинетиот кој бил директор на Централниот регистар во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа иако таа цело време воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Со тоа, на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, соопшти ОЈО.

Останатите тројца обвинети – раководителка и две советнички од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар, се обвинети дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

На овој начин била нанесена штета на буџетот на институцијата во износ од 824.837 денари по основ на исплатени плати, а за вработената била прибавена корист и на штета на Фондот за здравствено осигурување во износ од 344.283 денари. Со ова вкупниот износ на нанесената штета изнесува 1.169.120 денари.

За четирите обвинети лица на сила се мерки на претпазливост претходно определени од Основниот кривичен суд Скопје, а на првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена и гаранција во износ неколкупати повисок од штетата за која се товари.

Во овој предмет, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, донесена е и наредба за запирање на истражната постапка против едно лице – раководител на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, бидејќи во текот на истрагата не беа утврдени докази дека со умисла сакал да му помогне на првоосомничениот да ги прикрие дејствијата на злоупотреба.

реклама

Седум особини кои покажуваат дека сте натпросечно интелигентни

Read more

Што треба да јадете за да набилдате мускули побрзо?

Read more

Никогаш не вртете грб на гладна камила: Најопасните селфи фотографии

Read more

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Read more

Македонија

Кои се измените на законите за основно и средно образование?

Read more

Сончево со мала до умерена облачност

Read more

Нови 45 случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Read more

Пратениците на БЕСА ќе бидат независни во Парламентот

Read more

Вести

Кои се измените на законите за основно и средно образование?

Читај повеќе

Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност

Читај повеќе

Почина деветмесечно бебе во струмичката болница, полицијата спречи нов инцидент

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Читај повеќе

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Читај повеќе

Нови 45 случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Пратениците на БЕСА ќе бидат независни во Парламентот

Читај повеќе