Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Има малку компании кои се способни да претворат одличен автомобил во нешто уште подобро, а Lanzante дефинитивно е на таа ексклузивна листа.

Следниот месец на аукција ќе биде продаден еден од најдобрите McLaren  автомобили што излегле од британската работилница на Lanzante, а се проценува дека новиот сопственик ќе издвои меѓу 1,4 и 1,6 милиони евра.

Тоа е специјален модел Senna GTR познат како LM 25. Lanzante го лансираше својот LM 25 во 2020 година за да ја одбележи 25-годишнината од F1 GTR победата на 24 часа Ле Ман, а беа произведени само седум примероци за да ги претставуваат сите седум болиди што учествуваа во гореспоменатата трка во 1995 г.

Senna GTR прикажан на фотографиите е обоен во иста светло сива боја како и познатата Tokyo Ueno Clinic F1 GTR, доби лесни ковани бандажи од алуминиум и карбонски влакна, ја носи ознаката Tokyo Uneo Clinic зад вратите, како и тркачкиот број 59 на прозорците на вратата.

Внатрешноста содржи неколку уникатни детали, карбонските седишта се слични на оние на моделот F1 GTR, појасите се сини, а поставени се и перфорираните златни педали. Lanzante постави карбонски волан и реплика налепница на задната преграда на моделот F1 GTR.

Аукциската куќа RM Sotheby's наведува дека Lanzante не само што го преобразил автомобилот во модел LM 25, туку дека е легален и за британските патишта, што го прави уште попосакуван. Поминал помалку од 2.000 километри и последен пат бил сервисиран во септември 2023 година.

Ќе се продава со оригинална документација, слушалки со систем за комуникација наменети за возачот и патникот, како и алат за вадење тркала со централна завртка.

Тагови
реклама

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Авто новости

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Read more

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Read more

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Read more

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Read more
 

Автомобили

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Читај повеќе

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе
  • filter

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Читај повеќе
  • filter

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Читај повеќе

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Читај повеќе

Каде во Европа се возат најстари возила?

Читај повеќе

Tesla им го предаде престолот на Кинезите

Читај повеќе

Во кој европски град најмногу се заглавува во сообраќај?

Читај повеќе
  • filter

Нов кинески SUV ќе ја освојува во Европа: Вози речиси 1000 км со едно полнење

Читај повеќе