Погледнете во луксузната вила што Памела Андерсон ја продава за 15 милиони долари
Памела Андерсон купи куќа во Малибу во 2000 година за 1,8 милиони долари и ја претвори во луксузна вила што сега ја продава за речиси 15 милиони долари.
Актерката, која се прослави со улогата на спасителка на плажа во серијата „Baywatch“, на пазарот ја пласира куќата на плажа во Калифорнија за 14,9 милиони долари.
Андерсон неодамна се омажи за својот поранешен телохранител Ден Хејхерст и двајцата планираат да живеат на нејзиниот ранч на островот Ванкувер, што ѝ е наследство од баба ѝ.