Полицајката која пукаше во Данте Рајт ќе биде обвинета за убиство

Полицајката која во неделата застрела млад Афроамериканец во близина на Минеаполис е уапсена и ќе биде обвинета за убиство од небрежност, соопшти вчера канцеларијата за криминалистички работи во Минесота, која ја надгледува истрагата.

„Ким Потер е уапсена и ќе биде префрлена во затвор во округот Хенепин за убиство од небрежност“, се вели во соопштението.

48-годишна полицајка пукала во Данте Рајт, 20-годишен Афроамериканец, за време на рутинска контрола во населбата Бруклин Центар, близу Минеаполис. Таа рече дека по грешка помислила дека електричниот шокер што го држел Рајт е пиштол.

*Внимание! Содржината на видеото може да Ве вознемири!

Remote video URL

Полицајката поднесе оставка во вторникот, како и началникот на полицијата Бруклин Центар. Таа се соочува со затворска казна од 10 години.

Инцидентот што се случи додека трае судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше проследено со три ноќи насилни протести.

И покрај полицискиот час и бројните полициски засилувања на улиците, во вторникот во насилството меѓу демонстрантите и полицијата беа приведени 78 лица.

Семејството на Данте Рајт го критикуваше оправдувањето на полицајката и истакна дека „полициски службеник со 26-годишно искуство знае како да разликува електричен шокер од огнено оружје“, напиша нивниот адвокат Бен Крамп во изјавата.

„Ќе продолжиме да се бориме за правда за Данте, неговото семејство и сите маргинализирани. Ние нема да застанеме сѐ додека не постигнеме вистински реформи во полицијата и судството“, додаде тој.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе