Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје

Скопје, 5 октомври 2018 (МИА) -  Дванаесет мигранти од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а пет на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 20:30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско.

Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На меѓуградската автобуска станица во Скопје вчера во 13:00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу биле пресретнати по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.

Со лицата бил извршен разговор, по што  биле предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе