Полна Месечина влезе во Јарец: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Кој ќе се грижи за заработката, а кој ќе мора да внимава на парите?

Влеговме во новиот месец, а на 3 јули, точно во 13 часот и 38 минути започна полната Месечина во Јарец.

Астрологот Владимир Влајиќ во емисијата „150 минути“ на Prva откри дали ѕвездите ќе нè фаворизираат на љубовно поле и што ќе ни донесе првата недела од јули според хороскопот.

„Меркур прави поволни аспекти за Уран и Нептун. Ќе има пријатни изненадувања, особено оние поврзани со документи или државни институции. Ова е аспект што се случува во петок и недела. Ќе се прелее во следната недела. Oд среда, напнатата енергија од понеделникот и вторникот се спушта и сè ќе оди многу поглатко. Уште од оваа недела го чувствуваме апсектот на квадрат меѓу Марс и Уран за кој предупредив претходно. Советувам сите да си го гризнат јазикот и пазете се од избрзани реакции. Не е најдобар момент, другата страна нема добро да го прифати“, предупреди астрологот.

„За оние во знак и подзнак Овен, полната Месечина е на полето на кариерата и односите со авторитетите. Постои шанса да се доближат до авторитетот. Ќе имаат поддршка, пријатни изненадувања и парични добивки. За време на викендот, им се дава можност да влезат во емотивна приказна. Бикот би продолжил да патува, но оваа недела ќе биде најактивниот знак. Ќе има убави настани особено во среда и четврток. Ќе има сериозни деловни понуди, ќе имаат на што да се радуваат. На слободните Бикови им се дава шанса да остварат нови познанства на пат, а зафатените треба да патуваат.

Близнаците се во период кога се грижат за пари. Оние слободните за викендот ќе ги следи интересна комуникација. Ќе имаат можност да запознаат некого преку социјалните мрежи или на пат, а тоа ќе им биде одлично. На Раковите најинтензивно делува полната Месечина, не знам кој ќе им помогне. Од нив ќе произлезат секакви работи, и позитивни и негативни, но и хистерични. Треба да бидат внимателни во сообраќајот. Повеќе се фокусирани на работата, па мислам дека нема премногу да размислуваат за љубовта.

Лавовите треба да се погрижат за потенцијалните повреди денеска и за време на викендот, инаку им претстои добра недела. Им се дава можност нешто да решат на суд или да влезат во партнерски однос. Крајот на неделата им носи солидни пари кои ќе се слеваат во нивниот буџет. Ова е доста добар период за Девиците. Многу Девици ќе се преселат, нешто позитивно им се истакнува. Одличен период за состаноци, контакти, средби. Нека се потпрат на интуицијата.

Вагите деновиве работат многу, многу од нив планираат приватен бизнис. Ќе имаат непланирани приходи, ги очекуваат многу изненадувања. Слободните Ваги можат да запознаат некого за време на викендот. Овие денови се многу важни за Скорпиите кога се во прашање нови деловни преговори. Целата недела им е доста важна, средината на неделата е привлечена кон семејните односи. Самиот крај на неделата повторно носи бизнис гужва, особено преку странците и странство. Четврток и петок се идеални денови за да започнете нешто.

Стрелците се грижат за парите, а во исто време трошат малку повеќе. Ова е добар период за пари, ќе има неочекувани приходи и расходи. Во средината на неделата добиваат можност да решат важна документација. Мислам дека ќе бидат задоволни. Стрелецот ќе запознае личност од некое друго место. Доаѓа добар деловен период за Јарците, треба да го искористат максимално. Ќе запознаат некој со голема разлика во години, а за зафатените Јарци овој аспект носи проблем, односно расправии.

Креативноста на Водолијата е во подем. Оние кои се занимаваат со креативна или научно-истражувачка работа, сериозно ќе отскокнат. Кај другите Водолии постои можност во четврток или петок да добијат поголема сума на пари. За Рибите, полната Месечина се случува во 11-тата куќа, куќата на пријателите. Ќе имаат потреба да се жртвуваат за некого, но тоа ќе им се врати на крајот на неделата.

Тагови
реклама

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе