Полски научници измислија звучен топ против смог

Во борбата против упорниот смог во Полска, научниците тестираат нов топ кој користи звучни бранови за да ги истурка токсичните честички во атмосферата и да им овозможи на жителите да дишат поквалитетен воздух.

Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем превртен конус кој испушта силен звук на секои шест секунди. Целта е со звук да се избрка смогот од Калварја Зебрзидовска, кој, како и многу други полски градови, секоја зима се соочува со овој проблем кога граѓаните палат печки кои го загадуваат воздухот.

Од оџаците излегува густ чад, а со заоѓањето на сонцето по градот се спушта густ смог. Воздухот во Полска е меѓу најзагадените во Европа и во најлошите делови од годината постојано ги надминува границите поставени од ЕУ.

Научниците тврдат дека топот, со создавање звучни бранови, придонесува за намалување на концентрацијата на штетните ПМ2,5 и ПМ10 честички во градскиот воздух.

Ударниот бран го одбива загадениот воздух на поголеми височини

„Ние користиме вертикален ударен бран создаден со согорување на ацетилен и воздух“, рече Доминик Грибос од Металуршкиот и рударски факултет во Краков, еден од пронаоѓачите на топот.

„Бранот го исфрла загадениот воздух на повисоки надморски височини“, изјави тој за AFP. Отровните честички се лансираат во висина од неколку стотици метри, што ги прави безопасни за жителите.

„Ако го користиме топот на растојание од половина час до еден час, загадувањето се намалува за 15 до 30 отсто во рок од два, три километри од топот“, рече Грибос, додавајќи дека ефектите траат „помеѓу еден и три часа“.

Жителите го поддржуваат тестирањето

Истражувачите се обидуваат да ја одредат потребната фреквенција и времетраење на отчукувањата на звукот, како и времето потребно за целата процедура.

Цената се проценува на 1.000-1.500 злоти (220-330 евра) по час користење. Грибос рече дека се надева дека пронајдокот може да има комерцијална примена, особено во Полска. Жителите на Калварја Зебрзидовска најмногу ја поддржуваат оваа идеја, и покрај звукот.

„Смогот овде е исклучително густ. Не можеме да ги проветриме становите поради смрдеата. Затоа, ако може да помогне, нека тестираат. Едвај го слушаме звукот - тоа е како огномет“, рече Јоланта Волкович, 43-годишна сметководителка.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе