Помпео: Иран има пратено убијци низ Европа

Новиот секретар на САД, Мајк Помпео, го нападна Иран дека има пратено убијци на територијата на Европа кои треба да извршат различни мисии и со тоа ги налути иранските власти, кои тврдат дека тој не би можел да има никакви докази за овие обвиненија.

Во првиот поголем говор пред американската јавност, Мајк Помпео реши да го нападне Иран и да создаде контроверза помеѓу безбедносните сили на оваа, но и на европските држави, кои не можат да бидат сигурни дали тој има докази за да излезе со вакво обвинение.

„Во моментов револуционерните сили на Кудот од Иран извршуваат операции во срцето на Европа со помош на убијците кои ги имаат пратено на оваа територија“, рече Помпео, обраќајки се на Исламската револуционерна група IRGC.

Портпаролот на Стејт департментот, Хетер Науерт, рече дека таа нема пристап до истите информации како Помпео, но дека тој ја уверил дека неговата изјава е поткрепена со докази. Тој стои цврсто на неговиот извор и е силно убеден во овие информации.

Американските дипломати во Иран беа изненадени од изјавите на Мајк Помпео и уште вчера изразија загриженост за нивната безбедност во оваа земја во Персискиот залив.

Во последните неколку години не се забележани многу убиства во Европа за кои одговорноста беше префрлена на припадници на иранските револуционерни сили. Нивните задачи, според Помпео, би биле да ги убијат иранските дисиденти по наредби на државата. Последното убиство на ирански дисидент се случи во 2017 година, кога вооружен маж во Хаг (Холандија) го уби Ахмад Мола Ниси, лидерот на Иранската Арапска сепаритистичка група.

„Европа изгледа безбедно, но мора да бидете внимателни. Конфликтот помеѓу Саудиска Арабија и Иран повеќе не е само на Блискиот исток, туку се шири кон Европа. Иран е главен осомничен, но не е единствениот“, изјави тогаш Хавра Ниси, ќерката на Ахмад Мола Ниси.

Но, тогаш холандската власт не ја посочи вината кон IRGC, туку одговорноста беше ставена на грбот на убиецот како единка. Ако Помпео го сметаше ова убиство како дело на „пратените убијци на Иран“, тогаш тој или одлучил да открие претходно недостапни информации, или пак нагаѓа дека тоа е причината, што веројатно може да биде поопасна од двете опции.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе