Понеделник и декември се најопасен ден и месец за срцев удар

Најмногу срцеви удари се случиле во понеделник, а декември е месец со најмногу инфаркти, покажа истражувањето на група шведски научници.

Тие ги анализирале податоците на 156.000 пациенти примени во болница по срцев удар во текот на седум години.

Во текот на истражувањето, забележале некои интересни факти во врска со тоа кога најчесто се случувале инфаркти.

Најмалку срцеви удари имало во сабота, а јули се покажал како најнеопасен месец за болните од срце.

Истражувањето покажа дека ризикот од срцев удар во понеделник е поголем за 11% во споредба со другите денови во неделата.

Младите вработени луѓе се поранливи во понеделник, за нив ризикот од срцев удар е за 20% поголем тој ден.

Времето кога се случувале срцевите удари се поклопува со високото ниво на стрес од враќањето на работа во понеделник.

Едно претходно истражување покажа дека стресот може да биде „активатор“ на промени во биолошкиот систем, што може да ги направи луѓето поподложни на срцев удар.

Како што расте нивото на стрес, така се зголемува и активноста во амигдалата, делот во мозокот одговорен за емоции.

Тоа ја поттикнува коскената срж да произведува повеќе имунолошки клетки за одбрана од стресот. Меѓутоа, зголемувањето на бројот на тие клетки предизвикува и воспаление, а тоа ги оштетува артериите и срцето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе