Попладне пороен дожд, продолжува периодот на нестабилно време

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време. Како што најави УХМР, попладнево повторно се очекуваат врнежи, грмежи и засилен ветер, а така ќе биде и во следните денови. На некои места се прогнозира и изолирана појава на град проследена со крактоктрајно невреме.

До вторник ќе биде нестабилно, претежно попладне, а локално процесите може да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и град. Нестабилноста ќе биде особено изразена во текот на утрешниот ден.

Од вторник условите за невреме ќе се намалат, но и натаму ќе има можност за пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

-Денеска, од пладневните часови на места и особено во планинските региони на западот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. Во Скопје од пладневните часови ќе има зголемена облачност, појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне 32 степена. Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени, наведува УХМР.

Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Крива Паланка, 22 литри на метар квадратен, додека 10 литри се измерени во Тополчани, осум во Прилеп и Маврово, четири во Крушево, Берово, Претор и Штип, два литра во Ѓуриште, Скопје – Зајчев Рид и Лазарополе, како и еден литар на метар квадратен во Дојран, Струмица и Битола. 

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе