Попладнево во Скопје два протеста, на ГДОМ и на „Протестирам“

Во четврток попладне во Скопје најавени се два големи протеста, и тоа на „Протестирам“, кои се противат на одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за помилување на политичарите, и на ГДОМ кои бараат на вонредните парламентарни избори на 5-ти јуни да се реши речиси двегодишната политичка криза.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) за денеска пред Собранието на Република Македонија во центарот на Скопје најавува голем протест. Тие бараат одржување на изборите на 5-ти јуни како единствен излез од длабоката политичка криза.

Вчерашниот, осми по ред протест на граѓанската организација „Протестирам“, заврши со повикот „Секој ден во 6“, па така, во четврток во Скопје се очекува да се одржи протест на кој граѓаните кои бараат повлекување на одлуката на претседателот на државата за аболиција и одложување на изборите. И покрај најавите, засега нема официјална информација за можно денешно одложување на овој протест.

За петок, пак, во 14 часот закажан е и собир на граѓани во организација на Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, на Организацијата на воени ветерани на ОНА (УЧК), Движење за реформи – ДПА и на партијата Националнa демократска преродба (RDK). Тие ги повикуваат сите Албанци, невладини организации, независни интелектуалци, политички партии и сите граѓани на масовен протест со паролата „Стоп на овој систем“.

„Мултидимензионалната криза што ја зафати земјата од нефункционирањето и на невладеењето на правото, партизацијата на институциите, заобиколувајќи го правото на целосна еднаквост на Албанците и Македонците, поттикнување етнички тензии, директно ја разнишаа основата на стабилноста и постоењето на правната држава“, велат организаторите на утрешниот протест.

„Одлуката на Иванов за аболиција на македонските политичари и нивните слуги Албанци кои го прекршиле законот, кои ја злоупотребиле својата службена должност, се инкриминирани во организиран криминал и корупција, претставува уште еден доказ дека во Македонија постојат двојни стандардни и дека Албанците се третирани како граѓани од втор ред. Наоѓајќи се во ваква ситуација, каде што политичкиот дијалог не дава надеж, каде на најбрутален начин се прекршуваат договорите потпишани со посредништво на меѓународната заедница, каде затворите се логор полн со невини Албанци, каде што правото на целосна рамноправност на Албанците бесрамно се продаде од страна на група политички слуги кои себе си се нарекуваат Албанци, нѐ присилуваат нас како Албанци, кои имаме совест и карактер, без хипотеки, да преземеме координирана акција за да го искажеме нашиот револт против овој систем што нè заробува, што нѐ омаловажува и понижува, што нѐ негира и крши нашето право за целосна рамноправност“, се вели во прогласот на организаторите на овој протест.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Македонија

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе