Популизам и пандемија: Како ковид протестите ѝ дадоа „ветер во грб“ на екстремната десница во Европа?

Ширум Европа повторно избија протести во последните недели, паралелно со воведувањето на сè построги антиковид мерки, од сертификати до задолжителна вакцинација, со кои властите се обидуваат да го смират новиот бран на пандемијата што излезе од контрола во многу земји.

Иако главно беа мирни, протестите на некои места беа крајно насилни.

И во овој бран на незадоволство и бунт против мерките кои демонстрантите ги нарекуваат дискриминаторски и тоталитарни, популистичката, па и екстремната десница ја видоа и ја искористија својата шанса. Без разлика дали се претставници на парламентарни партии или членови на маргинални и екстремни движења, популистите и екстремните десничари или самите учествуваат на овие протести или се активни во промовирање на антивакцинација и скептична анти-корона реторика која ги охрабрува луѓето да излезат на улица.

Во Виена се собраа околу 40.000 луѓе

Во Австрија, каде што владата отиде најдалеку во обидот да ја спречи епидемијата и воведе локдаун за сите (и задолжителна вакцинација за сите од 1 февруари), протести беа организирани од страна на екстремно десничарската Партија на слободата (FPÖ ), третата по големина политичка партија во земјата.

Според проценките на полицијата, минатиот викенд на протестите во Виена се собраа околу 40.000 демонстранти. Иронично, лидерот на FPÖ, Херберт Кикл, мораше да им се обрати на демонстрантите во Виена преку видеоврска бидејќи беше сам во изолација, откако се зарази со коронавирусот. Сепак, тој ги повика насобраните да се придружат на најширокиот можен отпор на мерките за ковид.

Австриската FPÖ се преориентира од антиимигрантска во антивакцинална политика

FPÖ, која во услови на пандемија се префрли од антиимигрантски политики на спротивставување на мерките против Ковид и масовната вакцинација, ја обвини владата дека со новите мерки Австрија „дефинитивно стана диктатура“. Оваа нова причина за мобилизација им дојде како нарачана за ребрендирање по т.н Афера Ибица поради која излетаа од владејачката коалиција во 2019 година и стекнаа репутација на корумпирани опортунисти кои се подготвени да ги продадат националните интереси на Путиновата Русија и слични автократски режими.

А меѓу демонстрантите во Виена, според австрискиот весник Krone, имало и екстремни десничари како што се неонацистите и негаторите на холокаустот Готфрид Кусел и Мартин Селнер, лидер на Австриското движење за идентитет.

Иронијата, се разбира, е што демонстрантите во Европа и во другите земји, иако самите екстремни десничари се доста застапени меѓу нив, ја користат реториката на борбата против фашизмот и нацизмот и не се воздржуваат ни од отворените паралели помеѓу ковид потврдите ( за кои треба да сте вакцинирани, прележани или редовно да се тестирате) и холокаустот.

Така, на протестите во Виена можеа да се видат натписи како „STOPP Impffaschismus“ (стоп за фашизмот на вакцини) или „Kontrolliert die Grenze, nicht euer Volk“, (Контролирајте ја границата, а не својот народ). Дополнително, можеше да се види и знакот „Q“, јасен сигнал за поддршка на QAnon, бизарна и опасна теорија на заговор за педофилско-сатанистичката глобална елита која првпат се прошири во Америка меѓу најжестоките поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Remote video URL

Врската помеѓу популизмот и противењето на вакцинацијата

Минатиот викенд, околу 40.000 демонстранти се собраа низ Австрија, повеќето од нив во Грац. Локдаунот треба да заврши најдоцна на 13 декември за вакцинираните и оние кои неодамна се опоравиле од COVID-19, но ќе продолжи и за другите потоа. Досега целосно се вакцинирани 64,4% од вкупното население, што е значително подобро отколку во Северна Македонија, но е под европскиот просек и далеку зад земјите како што е Шпанија, каде таа бројка е речиси 80%. Кривата на новозаразените, по нивниот експоненцијален раст, конечно се намалува во последната недела, но бројот на тешко болни и починати сѐ уште расте.

„Тој политички се мобилизираше против вакцината против COVID-19. Шири дезинформации, благо кажано“, смета Катарина Т. Паул, експертка за противење и колебање за вакцинацијата при Универзитетот во Виена, за претседателот на FPÖ Херберт Кикл.

„Мислам дека тој и Партијата на слободата играат значајна улога во политизирањето и мобилизирањето за вакцините. Она што е специфично за Австрија, особено во последно време, е односот помеѓу популизмот од една страна и колебањето за вакцините од друга страна. Ова не е само точно за Австрија - го видовме во Италија и Франција - но Австрија се издвојува“.

Колку се порелевантни десничарските партии, толку се помали стапките на вакцинација

Професорот Ричард Греил, стручњак за заразни болести во Салцбург и чест коментатор на пандемијата во Австрија, за NBC изјави дека владата ја изгубила контролата над наративот по тоа прашање, оставајќи им на другите шанса да се вмешаат.

„Избраната стратегија беше многу лоша; комуникацијата за вакцините беше недоволна. Имаме особено релевантни десничарски партии, кои се (поддржани) од околу 20% од гласачите и има многу добри докази ширум светот дека колку порелевантни се овие партии, толку се помали стапките на вакцинација“.

Во септември, друга австриска партија, новоформираната MFG – што на германски е кратенка за „Луѓе, слобода, фундаментални права“ - исто така го искористи популизмот како „ветер во грб“, освојувајќи 6,4 отсто од гласовите на регионалните избори во Горна Австрија, освојувајќи три места во државниот парламент.

„Овде можете да го видите потенцијалот: сега имаме две партии кои се обидуваат да ги искористат тие чувства, тој скептицизам меѓу луѓето, со околу 25 до 30% од луѓето против вакцината“, рече Томас Хофер, австриски политички консултант.

„Антиваксерската заедница навистина се обедини во вокабуларот и слоганите со Републиканската партија и екстремно десничарските партии. Претходно, во 2016 година, би помислиле дека тоа е изненадувачки. Постои природна доверба меѓу двете групи и таа расте и се приближува“, вели Емили Саливан, професорка по филозофија и етика на Технолошкиот универзитет во Ајндховен во Холандија, која учествува во проект кој ги следи објавите на антиваксерите и десничарите на социјалните мрежи од 2016 година.

Слични протести, слогани и симболи можеа да се забележат во Белгија, Холандија, Италија и Германија.

Еврокомесарка предупреди на порастот на екстремизмот поради протестите против мерките

Во октомври, европската комесарка за еднаквост Хелена Дали предупреди на пораст на десничарскиот екстремизам и расизам во Европа по жестоките протести против ковид пропусниците во Италија, во кои се инфилтрираа екстремно десничарски и неофашистички групи како Forza Nuova, кои ја нападнаа полицијата, но и седиштето на синдикатот CGIL и службата за итни случаи на римската болница Поликлинико Умберто.

Набргу по нападот, десетици илјади членови на најголемите работнички синдикати во Италија ја повикаа италијанската влада да застане на патот на неофашизмот. Дали ги гледа неодамнешните настани како растечка закана на глобално ниво.

„Во Рим, неофашистичка група ја искористи демократијата против антиковид мерките за да го фрли градот во хаос и да го нападне седиштето на синдикалната федерација“, рече Дали.

Во Германија, екстремните десничари и поддржувачи на движењето Querdenken учествуваа на насилниот протест во Дрезден во март. Ива Крталиќ, уредничка во германскиот WDR, во февруари изјави за хрватски Index дека протестите против короната „шират различни теории на заговор“, така што имало „антисемитски тонови“ и дека „постои спојување со десничарскиот популизам“.

Не се сите, дури ни повеќето демонстранти низ Европа, десничари, особено не се екстремни десничари. Некои од нивните причини за протестирање се сосема легитимни - драстични мерки како што се локдаун и задолжителна вакцинација не смеат да бидат имуни на критики. Но, како што предупреди Миро Дитрих од германскиот центар за мониторинг, анализа и стратегии за BBC: „Ако ги погледнете организаторите, ако ги погледнете луѓето кои ги мобилизираа овие настани, тие не се луѓе со легитимни причини за загриженост - тие се луѓе со наративи за заговор или екстремно десничарски ставови“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе